Викторија Бекам ќе ѝ ја дизајнира венчаницата на идната снаа

Модната дизајнерка и некогашна пејачка, Викторија Бекам, ќе ја дизајнира венчаницата на својата идна снаа Никола Пелц, пишуваат британските медиуми. Таа претходно го дизајнира жолтиот свршенички фустан на манекенката.

Според „Дејли мејл“, Никола ја замолила Викторија да ѝ го дизајнира свадбениот фустан, а некогашната спајс-девојка прифатила со воодушевување.

Никола пред неполни два месеца се сврши со Бруклин Бекам, најстариот син на Бекамови. Тие најавија дека сакаат да се венчаат што побргу, а Бруклин веќе ја нарекува Никола сопруга на објавите на социјалните мрежи.

 

Scroll to Top