„Носете се у мајчина“ – Наум Петрески ги опцу колегите

Кога на официјалниот фејсбук-профил на Здружението на естрадните уметници – ЗЕУМ беше објавен статус во кој пишува дека тие вторпат ќе бараат помош од државата за музичарите, но само за оние што се членови на Здружението, реагира Наум Петрески. Фолк-пејачот во коментар ги опцу музичарите што се декларираат како естрадни уметници и ѕвезди, но, според него, не се од негов ранг.

„Носете се у мајчина сите вие таканаречени уметници и ѕвезди, без никаков багаж и тежина, сосе шарената ваша влада“, напиша Наум Петрески во коментар.

Не е првпат пејачот да реагира бурно преку социјалните мрежи. Тој често ги коментира другите музичари, неодамна ѝ се налути на Владата што мора да седи во карантин оти короната не била опасна, а за политичарите рече дека ќе ги прави мелено месо за прихрана во Зоолошката.

Scroll to Top