Италијанка од Ломбардија открила дека за време на годишниот одмор на островот Сардинија третпат се заразила со коронавирусот. Жената, која била на годишен одмор во градот Тертенија, отишла во болница поради други здравствени причини и открила дека е повторно позитивна на Ковид-19.
Таа претходно била во болница во два наврата поради короната, но според порталот „Олбија.ит“, била излечена, односно имала негативни резултати од тестот на коронавирус. Сега е хоспитализирана во градот Ланузеи.
Според најавите на локалните власти, пациентката ќе биде повторно тестирана, а според антиковид-протоколот, нејзините контакти ќе бидат следени со цел да се утврди дали се заразени.
Ова е прв ваков случај во светот ист човек трипати да се зарази со Ковид-19.