Поранешниот на Наташа Беквалац доби син

Поранешниот сопруг на пејачката Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ стана татко по трет пат. Тој со својата сопруга Слаѓана Иванишевиќ го добија синот Нор Ну. Лазукиќ е српски бизнисмен, кој на јавноста и стана познат по семејното насилство кое го направи на Беквалац.

Лазукиќ ја претепа пејачката, по што следела голем број судски рочишта и тежок развод. Покрај Беквалац, тој зад себе има уште еден пропаднат брак. Сега со Слаѓана велат дека не планираат да се венчаат. Двојката вели дека имаат совршена врска и дека се среќни.

„Пресреќни сме. Породувањето мина брзо и лесно по природен пат. Максимално сме посветени на синот и уживаме во првите бебешки денови“, изјавила Слаѓана.

 

Scroll to Top