(Фото) Торта „социјалка“ за градоначалникот на Карпош – Стефан Богоев славеше роденден

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, го прослави својот 31. роденден. Сопругата Ивана го изненади со торта направена во знакот на технологијата и социјалните мрежи.

Оние што го познаваат знаат дека е зависен од социјалните мрежи и технологијата, па затоа и тортата е во овој фазон.

„31 година живот. Ви благодарам на преубавите честитки, другари“, напиша Богоев. На „Инстаграм“ сподели неколку приказни од роденденските пораки што ги доби од пријателите.

Меѓу нив беше и фотографијата од тортата со која Ивана му го честита роденденот.

 

Scroll to Top