Славниот НБА кошаркар Меџик Џонсон, кој беше во посета на Хрватска, за земјата вели дека е прекрасна, а најмногу му се допаднала храната. Џонсон кој на 14 август го прослави својот роденден, веќе повеќе од еден месец ужива во крајбрежјето на Хрватска.
Џонсон беше во посета на Сплит, Вис, Хвар, Дубровник и многу други места. Често убавите моменти од одморот ги споделуваше преку фотографии со своите фанови на социјалнтие мрежи.
„Штотуку се вратив од Хрватска и топло ви ја препорачувам на сите да ја посетите. Храната беше сјајна, а Хрватска е прекрасна земја“, напишал Џонсон на социјалните мрежи.
Поранешната НБА ѕвезда имаше време и за големиот број фанови со кого се дружеше и споделуваше автограми.