Фармерките оваа сезона ќе воодушеват многумина, но мораме да напоменеме дека многу припаднички на поубавиот пол и нема да бидат толку среќни. Модните блогерки ширум светот веќе се полудени по новиот модел кој ја подели јавноста. Во прашање се широките, и по два броја поголемите фармерки. Колекциите за претстојната сезона донесоа возбудливи трендови – се враќаат силуетите и кроевите од осумдесеттите, како и темниот џинс. Еве кои се фаворитите.
Широки, ѕвончести фамерки
Кроевите од осумдесеттите не престануваат да живеат – па, и во оваа сезона во тренд е ѕвончестиот крој на фармерки, кои се со висок струк и широки ногавици. Спојте ги со некое парче со земјен тон, за да совршено го доловите духот од оваа ера.
Силуета од осумдесеттите
View this post on Instagram
View this post on Instagram
@haileybieber com uma bota slouchy que é uma das principais tendências do inverno 2020.
Фармерките кои се шират од колковите па стануваат потесни кон ногавиците, какви што се носеа во осумдесеттите – повторно стануваат хит, пишува „Нова“. Тренди начинот на стилизирање на ваквите фармерки е спојувањето на „згужваните чизми“ кои се протегаат до колената. Токму овој модел наиде на негодување кај одреден дел од женската популација, но сезоната која е пред нас ќе покаже дали биле во право или не, или делумно.
Фармерки на сезоната – скини џинс
Најпознатиот модел на фармерки го носевме повеќе сезони, а потоа завладеа широките кроеви. Сепак, скини џинсот се враќа на големата врата – а модните експерти советуваат да ги носиме со чизми преку колена.