Лукот може да ги отстрани брадавиците, но и старечките дамки од кожата. Но, внимавајте затоа што многу луѓе се алергични на лук, т.е. на нивната кожа може да се појави црвенило.
Излупете чешне лук и пресечете го на половина со нож. Премачкајте еден дел од кожата на лицето со исечениот дел од лукот за да видите дали ќе ви се создаде алергиска реакција. Доколку не се појави црвенило, премачкајте го целото лице со исечено чешне лук, 3 до 4 пати. Оставете го да делува, а потоа исплакнете ја кожата со млака вода.