Во 90-тите беше една од најпопуларните женски изведувачи во регионов. Сними дует со Дино Мерлин, хитот „Годинама“, кој и денес се врти по радостаниците. Хрватската пејачка Ивана Банфиќ низ годините толку многу се промени што изгледа дури и непрепознатливо. Зад себе има развод, спонтан абортус, навлекување на алкохол и долг период на рехабилитација. Сето ова ѝ се случуваше откако стави крај на врската со нејзиниот поранешен менаџер Роберт Магиќ во 2005 година. Како што тогаш пишуваа медиумите, двојката се разведе без скандали, но очигледно Банфиќ лошо го прифати разидувањето, па почна да пие алкохол и неколкупати заврши на клиниката за лекување од зависности.
Откако се избори со пороците, во животот ѝ се појави нова љубов. Пејачката се венчаше со Круно Ладисиќ, телевизиски продуцент. По еден спонтан абортус, конечно ѝ се оствари сонот да стане мајка. Синот Јан беше причината да се повлече од јавноста. Денес изгледа сосема поинаку, комплетно му се посвети на семејството и ретко се појавува на јавни настани.