Водителката Деа Ѓурѓевиќ, која од ден на ден се чувствува подобро и посилно, деновиве ја започна својата шеста сезона како водителка на утринската програма на ТВ Пинк.
Таа многупати отворено зборуваше за сите детали од ужасната несреќа што ѝ се случи лани и во која автобус ѝ ја откина раката
– На местото на несреќата, додека лежев беспомошно, само размислував за тоа колку ми треба да ги гушнам драгите луѓе и да им кажам колку ги сакам. Сакав дополнително време да ги прегрнам сите и да им го кажам тоа убаво, а потоа нека биде што ќе биде – раскажа емотивно Деа претходно во искреното интервју.
Водителката додаде дека сега повеќе го сака и го цени животот и апелира до сите луѓе да се радуваат, затоа што една секунда може да промени сè.
– Пред една од 21 операција што ги имав лекарот ми рече дека исходот може да биде фатален, но знаев дека нема да умрам. Зошто би умрела?! На 27-годишна возраст, никому не сум направила лошо, сè уште имам толку многу планови и желби пред мене. Не умирам .- вели Деа која сега држи трибини во Србија, истакнувајќи ја важноста на претпазливоста во сообраќајот.
Таа се дружи и живее нормално. Новите околности ја натераа да го промени својот стил на облекување и високите потпетици да ги замени со рамни чевли, а гардеробата да ја прилагоди на ситуацијата.
– Кога си на раб да изгубиш сè, многу повеќе го цениш она што го имаш. Ја ценам својата рака, без разлика на сè. Секој треба да ги сака своите лузни. Толку луѓе на овој свет кои ги имаат ги носат и се гордеат со нив, зошто не и јас? Ми рекоа дека можам да ги отстранам ласерски, но не гледам причина за тоа.
Важно ми е што функционира. Најголема лузна имам на бутот, од таму ми зедоа кожа, но за неколку месеци ќе исчезне. Другите ќе останат за цел живот. Овие на раката се големи, но не ми пречат. Моите лузни се симбол на мојата победа – раскажа неодамна Деа на темата лузни, а нејзините зборови се толку мотивирачки и храбри, што останува само да ѝ се воодушевуваме.
– Среќа што сум десничар, се испраксирав со една рака да правам чуда, нешто што ми беше незамисливо претходно. Би било потешко и почудно ако ми настрадаше десната рака- додава Деа.
Водителката вели дека сите ги интересирало од каде наоѓа толку храброст, а таа вели дека за тоа се заслужни нејзината мајка, баба, момчето Младен и најдобрите пријателки Даца, Тале и Кача, кои по секоја направена вежба ѝ велеле да направи уште една и дека таа тоа го може.
– Кога лежев и не можев да се помрднам, замислував дека одам. Кога почнав да одам, замислував дека работам. Самата постојано си задавав нови задачи и предизвици и тоа ме туркаше напред, но дури за две години, како што велат докторите, ќе бидам старата Деа, тогаш сè ќе се врати во нормала. Изгледа од мама несвесно научив да бидам храбра и да изгледам челично, како ледена дама која не покажува емоции. Мене физички ми беше најтешко, но мислам дека на мојата Нена психички ѝ беше многу потешко да го гледа своето дете на кое не може да му помогне. Таа не плачеше, барем не пред мене. Од друга страна, Младен ни беше поткрепа за сè што не можевме- откри Деа.