Колинда Грабар-Китаровиќ направи операција на ‘рбетот, ја чека долго закрепнување

Поранешната претседателка на Хрватска и членка на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Колинда Грабар-Китаровиќ, е оперирана во клиничкиот центар во Загреб. Таа објави слика од болницата на социјалните мрежи и напиша дека ја чека неколкумесечно закрепнување.

Колинда имала операција на дискус хернија на цервикалниот ’рбет. Операцијата вклучува олеснување на притисокот на корените на нервите и ‘рбетниот мозок, предизвикано од дискус хернија или од парче скршена коска. Таа вели дека морала да се оперира и дека тоа требала да го направи и порано.

Грабар-Китаровиќ денес ќе биде пуштена од болница на домашно лекување.

Scroll to Top