Професионалниот борач Стиви Ли, познат во рингот како Папет Сајко Дворф, почина на 54 години. Во светот се прослави со филмот „Џекес“,а глумеше и во „Оз големиот и моќен“ и во серијата „Американска хорор приказна: фрик шоу“. Веста за смртта ја потврди семејството и рече дека Ли починал ненадејно во неговиот дом.
„Го сакаа сите, и семејството и фановите од целиот свет. Постојано ги засмеваше сите со својот тврдокорен став и со животниот стил“, стои во пораката од семејството.
„Тој е легенда во борењето меѓу џуџињата“, соопштија од светската боречка организација и се простија од Ли.