Холивудскиот глумец Мики Рурк е на одмор во Грција. Тој е виден во Атина, од каде објави неколку фотографии. На аеродромот беше снимен со маска на главата. Глумецот вели дека секогаш и секаде ги почитува мерките за коронавирусот.
Рурк покрај одморот во Грција ќе сними и неколку сцени за филмот Man Of God’, кој премиерно треба да се прикаже во ноември годинава. Но најголем дел од времето, тој вели дека ќе го помине на одмор и посета на неколку значајни споменици во земјата.
Многумина од неговите фанови го критикува за неговиот изглед и големиот број операции кои ги има направено. За него коментираат дека некогаш бил најголемиот заводник во Холивуд, а денес, поради пластичните операции целосно го има променето и уништено своето лице.