Групата „Фрајле“ ќе има концерт во Скопје

На 23 септември, во Intermezzo Music Bar, доаѓа групата „Фрајле“. Девојките што пеат песни од Тоше имаат дует со Тијана, освоија награда на минатогодишниот „Макфест“.
„Се радуваме на дружбата со македонската публика. Од Македонија носиме преубави спомени и среќни сме што конечно по оваа долга принудна пауза заедно ќе пееме и свириме убава музика“, велат девојките од „Фрајле“.


Наташа Михајловиќ, Јелена Мирковиќ и Невена и Марија Буча го сочинуваат акустичниот бенд, кој постои повеќе од една деценија. Освен веќе добро познатите хитови, како и омилените македонски песни, девојките пред скопската публика премиерно ќе ја изведат и најновата композиција „Воли ме годинама“. Летна песна за која е снимано и видео, кое раскажува романтична носталгична приказна.
Влезниците за настапот на „Фрајле“ се продаваат исклучиво во претпродажба, а заради почитување на протоколите, се во ограничен број.

Scroll to Top