Лејди Гага: Славата не ме направи среќна, го прошетав светот и ги видов најсреќните луѓе во најсиромашните земји

Светската пејачка Лејди Гага во интервју за магазинот „Пипл“ ja раскажа својата приказна и работите што ја направиле несреќна во времето кога ја достигнала светската слава. Таа вели дека славата не е нешто што може човек да го направи среќен.

„Парите се ставаат на пиедестал, убавината се става на пиедестал, славата се става на пиедестал. Го прошетав светот и ги видов најсреќните луѓе во најсиромашните делови на планетата. Нивните вредности се недопрени. Ги сретнав најтажните и најдепресивни луѓе во најбогатите куќи. Сакам да го потсетам целиот свет и моите обожаватели дека најважни се љубовта и љубезноста. Љубезноста е она што создава хармонија, а не славата и познатите личности“, изјавила Гага за „Пипл“.

„Имаше денови кога се будев депресивна и тажна. Не сакав да бидам тоа што сум. Се чувствував згрозено од работите во мојот живот, а кои беа резултат на мојата музичка кариера. Имаше период кога не сакав повеќе да работам ништо. Потоа преку моите песни почнав да ја раскажувам мојата приказна“, рекла таа.

Гага вели дека нејзината желба да ги живее своите соништа направила да се чувствува измачена и трауматизирана.

„Една од најтешките работи во животот е да си доволно храбар за да бидеш тоа што си. Сакам секој што е на тој пат да најде радост во себе. Тоа е она што ми го кажа Бредли Купер пред некоја година. Славата не е нешто што може да го направи човек среќен“, додала пејачката.

 

Scroll to Top