Лејди Гага: Славата не ме направи среќна, го прошетав светот и ги видов најсреќните луѓе во најсиромашните земји

By

Светската пејачка Лејди Гага во последното интервју за магазинот „Пипл“ се отвори и ги раскажа својата приказна и работите што ја направиле несреќна во времето кога ја достигнала светската слава. Таа вели дека славата не е нешто што може човек да го направи среќен.

„Парите се ставаат на пиедестал, убавината се става на пиедестал, славата се става на пиедестал. Го прошетав светот и ги видов најсреќните луѓе во најсиромашните делови на планетата. Нивните вредности се недопрени. Ги сретнав најтажните и најдепресивни луѓе во најбогатите куќи. Сакам да го потсетам целиот свет и моите обожаватели дека најважни се љубовта и љубезноста. Љубезноста е она што создава хармонија, а не славата и познатите личности“, изјавила Гага за „Пипл“.

Раскажувајќи за ситуацијата што претходела на нејзиниот последен албум Chromatica, кој беше објавен ова лето, Гага призна дека имало моменти во нејзиниот живот кога морала да се бори за да биде тоа што е.

„Имаше денови кога се будев депресивна и тажна. Не сакав да бидам тоа што сум. Се чувствував згрозено од работите во мојот живот, а кои беа резултат на мојата музичка кариера. Имаше период кога не сакав повеќе да работам ништо. Потоа преку моите песни почнав да ја раскажувам мојата приказна“, изјавила Гага за „Пипл“.

 

Гага вели дека нејзината желба да ги живее своите соништа направила да се чувствува измачена и трауматизирана.

„Една од најтешките работи во животот е да си доволно храбар за да бидеш тоа што си. Сакам секој што е на тој пат да најде радост во себе. Тоа е она што ми го кажа Бредли Купер на нашата последна проба за настапот во живо на песната Shallow“, изјави Гага дополнувајќи дека славата не е нешто што може да направи човек среќен.

Пејачката ова лето го издаде својот шести студиски албум, кој се занимава со тешки проблеми, како што се ментални болести и закрепнување од траума.

 

Ќе ви се допадне