(Видео) Политичари кои откако одбиле да се покорат на центрите на моќ, подоцна умираат под мистериозни околности

Листата на политичари кои загинале под сомнителни околности, а кои претходно одбиле да се покорат на одредени центри на моќ, станува се подолга.

На почетокот на јуни претседателот на африканската држава Бурунди, Пјер Нкурунзиза кој беше во одлична состојба, изненадувачки потоа умре од срцев удар. Следејќи ги настаните ширум светот, за време на проектот со коронавирус, порталот „Логично“, пренесува дека месец дена пред Нкурунзиза да умре, го протерал претставникот од Светската здравствена организација, изразувајќи неверување во приказната за пандемијата и одбивајќи да ги примени мерките кои повеќе наликуваат на злостор против човештвото отколку на интерес по јавното здравје.

Починатиот Нкурунзиза, беше заменет од новиот претседател Еваристе Ндајишимије, кој веднаш по стапувањето на должноста го прогласи коронавирусот за најлош непријател на Бурунди и му дозволи на генералниот директор на СЗО Тедрос Адхан Гебрејесус, да зборува пред собраната толпа народ.

Можно е да е чиста случајност, но кога бројот на такви случајности станува сериозен и голем, тогаш тешко е да се зборува за коинциденција.

Сличен беше и случајот од пред една деценија, со смртта на полскиот претседател Лех Качински, кој загина во сè уште неразјаснета авионска несреќа во 2010 година. Падот на авионот во кој Качински загина, се обидоа да го оправдаат со грешка на пилотот и многу густата магла.

Авионот удри во бреза, за време на слетувањето на воениот аеродром во Смоленски. Но, истражителот на несреќата Бержински, тврди дека авионот се распаднал во воздух и заклучил дека станува збор за експлозија, а истото го изјавил и поранешниот министер за одбрана Ентони Мациеревиц.

Изненадувачката смрт на Нкурунзиза и падот на авионот и смртта на Качински се трагедии кои им се случија на државници кои одбиле да ги применат глобалистичките идеи. Нивната смрт, се наоѓа во долгата листа на необични трагедии на државници кои имале тенденција да ги застапуваат интересите на своите народи и да одолеат на планетарните влијанија и корпорации од кои многумина се затскриваат под плаштот на институциите кои почнуваат со зборовите, „Обединети“, „Свет“, или „Меѓународната“.

Таков сличен настан се случи во 1981 година, со водачот на јужноамериканската држава Панама, Омар Торијос. Тој загина во експлозија на авион. Иако никогаш не извршувал ниту една јавна функција, Торијос ја здрма Панама во периодот од 1968 година, па се до 1981 година.

Неговата диктатура не е тајна, но не е ниту тајна дека водел прогресивна внатрешна политика и тежнеел кон спроведување на панамската демократска транзиција.

Покрај тоа, Торијос го склучи договорот за враќање на зоната на Панамскиот канал, кој под суверенитетот на Панама, потпаѓал под управување на САД. Тој побарал од САД да го платат долгот за уништување на неговата земја.

Заедно со Торијос, во неговиот авион имало и диктафон кој му го подарил еден од членовите на неговата служба за безбедност на неговиот последен лет. Сепак диктафонот не бил предвиден за снимање.

Два месеци пред неговата смрт, на ист начин загинал и Жаиме Ролдос, претседателот на Еквадор. Свесен за ресурсите со кои располага неговата земја, Ролдос усвојува Национален план за развој, демократизација на земјата и отвора простор за зацврстување на човековите права. Тој ја застапува идејата за нафтата која ја има неговата земја, да се користи за неговиот народ.

За глобалистичките корпорации ова е премногу. Неговиот авион се срушил на 24. мај 1981 година.

За потсетување, на ова листа се најде и насилното симнување од власт на претседателот на Гватамела, Џејкоб Арбенца, кој претпоставувал дека домашното производство на банани е мултинационално. На овој список се наоѓаат и Гадафи, Садам, Чавез, Мосадег и многу други кои со години биле мета и чии земји во текот на нивното владеење биле поуредени, за разлика по нивната смрт.

Ова само покажува дека сите главни настани се планирани, контролирани и меѓусебно поврзани. Можеби најпресудно за ваквото толкување, претставува атентатот на американскиот претседал Џон Кенеди во Далас, на 22. ноември, 1963 година. Две години претходно, на 27. април 1961 година, тој пред пред Здружението на издавачи на американски весници, го одржа еден од најважните говори во историјата на човештвото.

Многмина сметаат дека тој бил убиен токму поради тој говор.

„Дами и господа, самиот збор „тајност“ е одбивен во слободното и отворено друштво. Вродено е во нас и нашето историско наследство, дека сме противници на тајните друштва, заклетви и постапки. Одамна научивме дека опасноста од прекумерното и неовластено прикривање на одредени документи, е далеку поголема опасност која довела до таквите мерки. Исто така, постои смртна опасност од ситуацијата дека потребата за зголемена безбедност ќе биде злоупотребена од оние кои со нетрпение чекаат да ја зголемат до крајните граници на цензура и прикривање. Тоа е нешто што немам намера да го дозволам. Ги замолувам секој издавач, уредник и новинар да ги преиспита своите стандарди и да ја препознае природата на опасноста што се надвиснува над нас. Ќе се спротивставуваме на монолитниот и суров заговор што главно се користи низ тајни средства за ширење на своите сфери на интерес: инфилтрација наместо инвазија, удари наместо избори, заплашување наместо слобода на избор. Тоа е систем кој регрутирал големи човечки и материјални ресурси за да изгради непробојна, високо ефикасна машинерија која се состои од воени, дипломатски, разузнавачки, економски, научни и политички операции. Нивната подготовка е скриена, никаде објавена. Нивните грешки се закопани и никогаш ги нема на насловната страница. Нивните неистомисленици молчат, тие никогаш не се слават себеси. Ниту една цена не се испитува, ниту една тајна не се открива. Затоа атинскиот законодавец Солон го прогласи за незаконски, за секој граѓанин, какво било негирање на дебатата. Барам ваша поддршка во оваа огромна задача за информирање и предупредување на американскиот народ. Убеден сум дека со ваша помош, човекот ќе стане она што му било предодредено да се стане“, слободен и независен.

На сите спомнати во овој текст прво им била испратена понуда која не можеле да ја одбијат, но сите ја одбиеле и потоа биле „тргнати“.

Без разлика дали сака да се занимава со политика, на секој политичар задача му е да му служи на својот народ и на луѓето што ги избрале за тоа. Не е задача на политичарите да прифаќаат понуди насочени против нивниот народ и против луѓето што ги избрале. Без оглед на цената.

Интересно е што полската држава прва стави вето на вакцините со кои СЗО планираше да изврши планетарна вакцинација на лажната пандемија на свински грип една година пред смртта на Качински.

 

Scroll to Top