Поп-пејачот Александар Белов прослави годишнина брак со неговата сопруга Јелена. Белов ни раскажа дека ќе им дојдат блиски пријатели дома, па така и ќе ја прослават годишнината со сопругата.
“Ќе се собереме ние, блиските, ќе купам торта, пијалак, малку музика, ама се тоа во домашен амбиент“, ни откри Александар кој веќе неколку години живее во Крагуевац.
Лани за нивната свадба се зборуваше, па иако се венчаа во Србија, сепак ги запазија и македонските обичаи. Двојката пред да се венча беа 6 години во љубовна врска.