Банкнота од 20 долари ја најавила пандемијата со коронавирусот, а со нејзино превиткување, може да се забележи дека Американците биле предупредени и дека им се подготвува најголемиот терористички напад на Кулите близначки на 11. септември 2001 година, сметаат теоретичарите.
Сега постои и друга теорија која говори дека со превиткување на оваа банкнота може да се види слика, од поранешен американски претседател како носи маска. Многумина сметаат дека ова претставува една од најлудите теории на заговор која се појавила некогаш.
Иако постојат речиси две децении од овој трагичен настан, за него и понатаму постојат бројни теории на заговор. Неодамна беа одбележани 19 години од најголемиот терористчки напад во историјата и рушењето на Светскиот трговски центар.
Многумина се убедени дека овој терористички напад бил направен со луѓе од внатре, поточно од страна на американски моќници кои целата работа прецизно ја осмислиле. И ако ја погледнете снимката од последните недели која кружи низ социјалните мрежи, се доаѓа до логичен заклучок.
Американскиот музичар Рој Филдс пред неколку недели објави снимка во која детално објаснува како мал број на моќни луѓе знаеле дека се подготвува 11. септември и дека овој настан, години претходно бил нацртан на банкнотите од 5, 10 и 20 долари.
Филдс прво напоменува дека редизајнот на доларот почнал во 1996 година и тоа со парите во апоени од 5 долари. Кога банкнотата ќе се превитка, се добива нешто што изгледа идентично како кулите близначки. Наредната година била исфрлена во употреба банкнота од 10 долари.
Ако таа се превитка на идентичен начин, како и претходната, се добива слика на нешто како да удира во кулата. На банкнотата од 20 долари, која е исфрлена во употреба една година подоцна, се гледа слика на срушени кули.
Но, Филдс не е првиот кој се обидел да ја застапува оваа теорија. Има голем број луѓе кои и претходно се обиделе да објаснат како на доларите е најавена трагедијата многу време однапред. Тоа што загрижува е фактот што банконтата од 20 долари, освен рушењето на Кулите близначки, го предвидува и коронавирусот.
Во еден момент Филдс ја превиткува банкнотата од 20 долари на поинаков начин и објаснува дека се добива слика на претседателот Ендру Џексон, кој изгледа како да носи маска.