Српскиот рапер Раста сè уште е во притвор и не се знае како ќе помине овој пат затоа што ова е негово второ апсење. Првиот пат се извлекол со парична казна. Откако полицијата го следела неколку дена, во петокот беше уапсен со кесичка марихуана што му била пронајдена во гаќите, а по претрес во неговиот дом нашле речиси еден килограм во машината за перење алишта.
Во полицијата Раста признал дека консумира марихуана и дека е поборник за нејзино користење, но дека не ја продавал на други, а големото количество го правдал со залиха поради короната.
Медиумите пренесоа дека за ова може да добие затворска казна и до 12 години.