Совети како да ја отстраните тетоважата што веќе не ви се допаѓа

Ако ја замразивте тетоважата, постојат три работи кои можете да ги направите, а за да се спасите од неа.

1. Корекција во три чекори

Неутрализирајте ја црната и сина тинта со портокалов коректор. Потоа нанесете коректор и накрај фиксирајте го со пудра во прав.

2. Тетовирајте се повторно

Во зависност од тетоважата, можеби постои таа опција постоечкиот дизајн да го покриете со друг. Консултирајте се со својот тату мајстор.

3. Отстранете ја со ласер

Прашајте го својот дерматолог или козметичар за ласерско отстранување. Ласерот делува со силни енергетски снопови во кожата, разбивајќи ја тинтата во фрагменти кои вашата кожа ќе ги елиминира како надворешно тело, тврди др. Ендру Милер, естетски хирург и специјалист за ласери. Цената и траењето на процедурата варираат од тетоважа до тетоважа, но една тетоважа со просечна величина бара шест третмани. Треба да се знае дека ласерот нема секогаш успешно да ја отстрани целата тетоважа.

Scroll to Top