Бројни обожаватели не можеа да го препознаат холивудскиот актер Колин Фарел на снимањето на филмот „Бетмен“. На сетот Фарел не можече да го препознаат ниту неговите колеги, затоа што носел маска од негативецот во филмот Освалд Кобелпота, таканаречениот Пингвин.
„Никој не можеше да го препознае ниту во трилерот. Маската е толку добро направена, што ниту родената мајка не би можела да го препознае“, коментираат фановите.
„Да се биде дел од овој Готам Сити, светот на Пингвинот, Џокерот, Бетмен, Брус Вејн, Харви Дент е неописливо искуство. Многу се радувам поради тоа. Иако немам многу сцени и овие неколку во кои се појавувам исклучително ме усреќија и ми беше чест да ги работам. Пингвин е фантастичен лик“, изјави 44-годишниот глумец.
Од продукциската куќа Warner Bros потврдија дека снимањето на нивниот најголем проект е најавено за идната година.Беше прекинато поради корона-кризата, но сега работат со полна пареа.
Снимањето беше прекинато за кратко, откако еден член од екипата беше заразен со Ковид-19. Иако на почетокот не сакаа да го откријат името на заразениот, Vanity Fair од сигурни извори откри дека станува збор за Роберт Патинсон.
Филмската екипа деновиве снимаше неколку сцени пред црквата свети Џорџ Хал, во Ливерпул. Фарел носеше кожен црн капут, имаше перика на главата, а му ги промениле и градите. Главниот јунак Брус Вејн и суперхеројот Бетмен ќе го глуми Роберт Патинсон.
Премиерата е закажана за октомври 2021 година.