Рускиот опозицинер Алексеј Навални се плаши дека повторно може да биде отруен. Тој беше следен од бројно германско обезбедување, кое се грижеше за неговата безбедност.
Навални беше снимен за време на една од неговите прошетки. Снимката беше прикажана во неделната програма „60 минути“, која ја објави американската телевизија Си-би-ес.
Телевизијата ја објави снимката на која Навални ја држи за рака сопругата Јулија, додека шетаат покрај Бранденбуршката капија во Берлин. Исто така може да се види дека тој е во придружба на дописничката на телевизијата Лесли Стол и тројца мажи, облечени во цивилна облека.
На одредена оддалеченост Навални го следат девет лица во полициски униформи. Лесли Стол во снимката објаснува дека германските власти го чуваат Навални од страв дека може повторно да биде отруен.
„Голем број полицајци секаде го следат“, изјавила таа во интервјуто.
Critics of Vladimir Putin have been victims of unsolved shootings, suspicious suicides and poisonings. Tonight, Lesley Stahl talks with one of those critics, Alexey Navalny, who survived an assassination attempt two months ago. https://t.co/ITxLDo6PSx pic.twitter.com/yGPPzm413A
— 60 Minutes (@60Minutes) October 18, 2020
Навални за време на прошетката разговара со дописничката, која носи маска, додека Навални и неговата сопруга не носат.
„Треба да се бориме против тие луѓе, затоа што тие никогаш нема да престанат. Можно е да отрујат и некој друг“, изјавил Навални, по тврдењето дека бил отруен, наводно од руската влада.
“We should fight these people because they will never stop. They will poison someone else,” says Russian opposition leader Alexey Navalny after he was poisoned, allegedly by the Russian government. https://t.co/LkVhvIGY7U pic.twitter.com/MdrtdodYyn
— 60 Minutes (@60Minutes) October 18, 2020
За потсетување, германската влада на 2 септември, повикувајќи се на лабораторијата „Бундесвер“, соопштила дека рускиот опозиционер Алексеј Навални е отруен со супстанца од групата на хемиски воени отрови новичок.
Од Русија се бара да ја спроведат истрагата, а официјална Москва инсистира на тоа, Берлин да ја достави информацијата во врска со Навални.