Глумицата Меган Маркл, иако не ги познавала Џорџ и Амал Клуни, таа сепак ги поканила на кралската венчавка со Хари во 2018 година, пренесува Аirmail.
Овој детаљ го открила некогашната добра пријателка и цимерка на починатата принцеза Дијана, Керолајн Бартхоломев. Таа пред почетокот на венчавката во 2018 година ги прашала Џорџ и Амал Клуни од каде се знаат со Хари и Меган, на што добила одговор дека не се познаваат.
Многумина во тој момент реагираа на социјалните мрежи како тоа некои се охрабриле да одат на венчавката кога не ги познаваат младенците. Но, судејќи според сè, од тој момент почна едно ново пријателство и Џорџ и Амал Клуни станаа многу блиски со кралската двојка.
Меѓу гостите на венчавката се појавија голем број познати двојки и ѕвезди. Меѓу нив беа и семејството Бекам, Серена Вилијамс и многу други.
Медиумите пишуваат дека поканата на Џорџ и Амал Клуни на венчавката била добар промислен потег на Меган. Во интервју за Vanity Fair кралскиот биограф Ендру Мортон открил дека поранешната контроверзна војвотка намерно поканила одредени припадници на таканаречената холивудска А-листа, кои таа не ги познавала.
Меган ги поканила Џорџ и Амал Клуни за во иднина ја добие нивната наклоност. Според него, Меган планирала во иднина Џорџ и Амал да ја бранат од нападите на критичарите. Тоа се утврдило како мудар потег затоа што луѓето од венчавката во повеќе наврати ја бранеа во медиумите, вели Ендру.