Манекенката Криси Тајген, која пред еден месец го изгуби бебето, на раката го истетовира неговото име – Џек. Таа сликата ја објави на Твитер, а како одговор многу мајки и татковци кои ги изгубиле своите деца ѝ ги покажаа нивните тетоважи.
Криси го изгуби бебето во 20. недела од бременоста. Таа претходно јавно кажа дека многу крвавела и беше примена во болница во Лос Анџелес. Лекарите сепак не успеаја да го спасат плодот, за да го доноси до седмиот месец за да може да се породи.
По ова Криси и нејзиниот маж, пејачот Џон Леџенд, објавија слики од најтешките моменти во болницата. Манекенката пред неколу дена објави писмо посветено на неродениот син, во кое раскажа дека таа инсистирала да ја сликаат, за да може засекогаш да се сеќава дури и на најлошиот ден, кога останала без бебето.