Сопругот на Тања Савиќ, освен децата, ѝ украл и повеќе од 150.000 евра

Пејачката Тања Савиќ откри дека нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ, освен децата, ѝ украл и 150.000 евра. Тој ги лажел синовите дека ќе добиел рак поради неа, открива пејачката.

„Тој ми ги зеде децата, но и парите. Од нашата земја смееш да излезеш со 10.000 евра, а тој однесе над 150.000. Не знам како успеал да ги изнесе. Тој и од газдите на дискотеките бараше да не ги уплаќаат парите на моја сметка, туку на неговата што ја има во Австралија“, открива Савиќ.

Пејачката остана без своите синови уште на почетокот на оваа година откога Душан ги однесе во Австралија. Од тогаш таа ги нема видено. Повремено вели дека се слуша со нив и открила дека татко им ги лажел оти ќе добиел рак поради неа.

„Мене ми е важно само како тој им го труе мозокот. Се слушнав со моите деца, но тие многу се имаат променето. Ми велат дека татко им ќе добиел рак поради мене. Тој ги лаже дека имам дечко и дека се забавувам со ново момче“, вели Тања за „Магазин ин“.

Савиќ го обвинила сопругот дека и ја украл целата заштеда што ја собирала за да купи стан.

„Сите документи ги предадов во Министерството за правда. Тие имаат контакт со српскиот конзулат во Австралија. Имам и јас свој адвокат во Австралија. Побарав тој да не води сметка за децата, им кажав дека тој не размислува за психолошките последици. Едвај го чекам судењето, кое ќе биде во Австралија, а кое може ќе се одвива без мое присуство поради Ковид-19. Судот треба да одлучи за тоа кому ќе му припаднат децата. Тие имаат двојно државјанство, а јас немам. Но, имам трајна виза, па речиси тоа е исто како и да сум државјанин. Јас сакав да отидам таму, но постојано ми беа откажувани летовите. Летот ми беше во ноември, но не можев да чекам. Тука работам, а имам и некои долгови. Морам да се борам. Морам да ги плаќам и адвокатите. Тој ми направи вистински хаос во животот. Тој уште ги троши моите пари. Ваква будала не се раѓа. Тој ми ги зеде децата, но и парите. Од нашата земја смееш да излезеш со 10.000 евра, а тој ми однесе над 150.000“, вели Савиќ.

 

 

Scroll to Top