Два месеца откако поднесе документи за развод од раперот Офсет, Карди Би почна постапка за поништување на документот со кој бара развод. Таа во документите наведе дека бракот им е „неповратно скршен“, но сега се премисли.
Не е првпат 28-годишната раперка да се предомисли во врска со правната разделба. Тие се разделија и во декември 2018 година, кога американските медиуми пишуваа дека тој ја изневерил, а се смирија по два месеца.
Двојката повторно ја оживеа својата романса за време на прославата на 28. роденден на Карди во Лас Вегас и Атланта во средината на октомври.