Британската кралица Елизабета Втора, за првпат е видена со маска на лицето. Таа присуствуваше на кратка церемонија во Вестминстерската капела на Гробот на Непознат херој, на која беше само уште свештеникот Дејвид Хојл и уште еден нејзин придружник.
Церемонијата по повод 100 годишнината од погребот на непознатиот британски војник, кој загинал во Првата светска војна, се одржа во средата, а денес официјално беа објавени фотографиите.
Кралицата носела црна маска со бела лента. Била облечена во црн капут, а на себе носела и црн шешир. Тоа било нејзиното прво појавување во јавност, во Лондон уште од март, кога изби пандемијата со коронавирусот. На службата, покрај кралицата, присуствувал уште и свештеникот Дејвид Хојл и уште еден нејзин приврзаник. Кралицата во оваа капела се омажи во ноември 1947 година.