Раста ја дели ќелијата со поранешен фудбалер на „Партизан“, кој е осомничен за убиство

Раперот Стефан Ѓуриќ – Раста затворската ќелија ја дели со Никола Малбаша, поранешниот фудбалер на „Партизан“, кој се сомничи за обид за убиство, пренесуваат српските медиуми.

Раста беше уапсен на почетокот на октомври поради поседување дрога, а неодамна му беше и продолжен притворот поради сомнение дека би можел да го повтори кривичното дело.

„Малбаша и Раста завршија во иста ќелија, иако нивните кривични дела целосно се разликуваат. Малбаша е осомничен дека на почетокот на јули се обидел да убие наркодилер, а Раста се товари за недозволено производство и ставање во промет опојни дроги. Но, она што им е заедничко е тоа што и на двајцата им е продолжен притворот затоа што судот проценил дека постои основано сомнение дека би можеле да влијаат на сведоците или да го повторат кривичното дело. Поради тоа, не им е дозволено да се бранат од слобода“, вели неименуван извор и открива дека Ѓуриќ не бил воодушевен од тоа што не е сам во ќелијата.

Фудбалерот Никола Малбаша се сомничи дека на 8 јули оваа година со нож му задал неколку убоди на наркодилерот кому му должел пари.

„Едно од барањата што го побарал тимот на адвокати на Раста од самиот почеток било раперот да биде сам во ќелија. Тие објасниле дека станува збор за јавна личност и дека делењето ќелија со други затвореници може да му ја загрози приватноста. Раста бил непријатно изненаден од фактот дека со кој било може да ја дели ќелијата, а не, пак, со човек што се сомничи за убиство. Тој ги замолил адвокатите бргу да реагираат и да побараат премесување за никој да не дознае во каква ситуација се наоѓа. Тие му одговориле дека тешко ќе успеат да му ја исполнат желбата со оглед на тоа што притворот му бил продолжен. Со самото тоа пејачот ќе мора да се навикне во затвор да не глуми ѕвезда и да не поставува услови бидејќи му се заканува казна од три до 12 години“, дополнува изворот и истакнува дека фудбалерот и раперот досега добро се согласуваат.

„Иако Раста е незадоволен со тоа што има цимер, засега двајцата се во коректни односи и не прават проблеми. Се трудат да одржат мир во ќелијата. Привремено разговараат и засега не постои никаков проблем. Којзнае, можеби на крајот ќе се здружат и ќе станат најдобри пријатели. На крајот на краиштата, судени се еден на друг“, вели изворот.

 

Scroll to Top