Проблеми во бракот на Џесика Алба

Бракот меѓу 38-годишната глумица Џесика Алба и нејзиниот три години постар сопруг, продуцентот Кеш Варен, е сериозно разнишан, пишуваат светските таблоиди. Според пишувањата на Life&Style, бракот меѓу популарната двојка е во сериозна криза.

Women’s Day пренесува дека Алба често била видена во јавноста без прстенот на раката, а нејзините пријатели потврдиле дека во последно време зачестиле кавгите и расправиите меѓу нив двајцата.

„Тие се расправаат за сè и сешто. Дури и за најмали ситници“, открива изворот.

Нивните пријатели велат дека проблемот во нивниот однос се многубројните обврски што ги има глумицата. Нивниот брак се разнишал до таа мера што Алба летото заминала сама со децата на летен одмор, само за да биде подалеку од сопругот.

Таа со децата била на одмор во Вајоминг, држава полна со природни убавини, во која дури и познатиот музичар Канје Вест купил ранч. Но, со неа не бил сопругот, што доволно говори за разнишаниот однос, открива изворот.

„Тие се однесуваат како совршена двојка, но тоа е далеку од вистината. Вистина е дека Кеш постојано ѝ одеше на нерви на Џесика за време на карантинот. Таа во еден момент наеднаш излезе од куќата со децата и замина на одмор. Има многу малку трпение за него“, додава тој.

За потсетување, глумицата и продуцентот се во брак од 2008 година. Претходно, беа четири години во врска. По само два месеца, ја добија ќерката Хонор Мари, а по три години и ќерката Јевен Гарнер. На почетокот на 2018 година го добија синот Хејс.

 

Scroll to Top