Влегувањето во триесеттата година од животот со себе воглавно ја носи потребната доза на сериозност, онаа генералната, но и модната. Кога ќе се заситиме од младешките модни хирови, во плакарот ќе посакаме и одредени класики кои ќе ни послужат во секоја прилика.
Магазинот Вог одлучил да се позанимава со гардероберот на возрасните и состави листа на модни парчиња и додатоци кои би требало да ги имаме во плакарот после триесеттата година.
1. Класичен дождовен мантил
Добро оди со сè, заштитува од дожд… Што повеќе можете да побарате од тенкиот капут?
View this post on Instagram
2. Удобни црни чизми
Еден пар квалитетни чизми ќе ве однесе од дома до работа, па на пијалак, на излегување, потенцијално каде и да посакате во текот на целиот ден.
View this post on Instagram
3. Добро скроени пантолони
Вог вели токму добро скроените пантолони се модно парче во кое ќе изгледате деловно.
View this post on Instagram
4. Голема деловна чанта
Префинета, едноставна и практична.
View this post on Instagram
5. Блејзер
Квалитетен и добро скроен блејзер е најдоброто модно парче за возрасни.
View this post on Instagram
6. Бела кошула
Доколку досега сте издржале без неа, импресионирани сме. Но, сега е време за инвестиција.
View this post on Instagram
7. Коктел фустан
Од различни забави и вечерни излегувања до венчавки – нема свечена прилика во која коктел фустанот нема да ви послужи.
View this post on Instagram
8. Чантата која долго време ја посакувате
Можеби во неа не може да собере повеќе од телефон, но до триесеттата морате да се почестите со таа убава чантичка која ја посакувате уште откако почнавте да ја следите модата.
View this post on Instagram
9. Добри патни торби
Вог препорачува да инвестираме во добри куфери, наместо да натураме работи во што ќе стигнеме.
View this post on Instagram
10. Црни салонки
Никогаш не знаете кога ќе ви требаат и имате чувство дека во нив можете да завладеете со светот.
View this post on Instagram
11. Добро скроени фармерки
Изберете модел кој му ласка на вашето тело и држете се до него. Уште подобро, набавете го тој истиот модел во секоја боја и стил, советува Вог, кој добро знае дека фармерките котираат високо на листата на модни приоритети кај жените.
View this post on Instagram
12. Парчето накит кое ќе го наследи вашата ќерка
Тие еден ден ќе ви бидат благодарни поради тоа!
View this post on Instagram
13. Фустан за формални прилики
Вог препорачува во орманот секогаш да имаме еден формален фустан: Со годините доаѓа и одговорноста, вклучувајќи го и одењето на свечените настани. Осигурете се со изборот на една црна тоалета или елегантен вечерен фустан.
View this post on Instagram
14. Градник кој навистина ви прилега
Овде навистина нема место за компромис.
View this post on Instagram
15. Шик комбинезон
Дамите кои не се љубителките на фустани и здолништа за разни гламурозни настани, можат да поминат во комбинезон.
View this post on Instagram
16. Плетени парчиња
Вог советува да одберете било какво модно парче затоа што тие се незаменливи во зимските месеци.
View this post on Instagram
17. Малиот црн фустан
Добриот мал црн фустан во триесеттите е еднакво важен како и во помладите денови.
View this post on Instagram
18. Кожена јакна
Најголема предност е тоа што прилега со сите модни парчиња и стилови.
View this post on Instagram
19. Модна комбинација во која ќе се чувствувате како милион долари
Без разлика на тоа дали се во прашање неконвенционални чевли, непрактични пантолони или непознат фустан, ако тоа ве усреќува, тогаш би требало да го имате во својот орман!
View this post on Instagram
20. Одело
Вог ја разбира важноста на практичноста и важноста на доброто одело по триесеттата година: Учете од постарите и инвестирајте во оделото. Веднаш!
View this post on Instagram
21. Тренерка
Постојат тренерки во кои сакаме да се одмориме од модните игри, а тогаш во игра се враќаат за многумина омилената тренерка, идеална за опуштени пригоди.
View this post on Instagram
22. Удобна пижама
Вог преферира свилени пижами, но еднакво добри ќе бидат и значително поевтините и еднакво удобните памучни варијанти.
View this post on Instagram
23. Летни сандали
Кога во прашање е моделот на сандали, нема правила. Бирајте го она што најмногу ви се допаѓа и во што вашата нога ќе ја има потребната удобност.
View this post on Instagram
24. Свилена марама
Без разлика на тоа колку често ја носите, убавата свилена марама е идеален и сестран моден додаток.
View this post on Instagram
25. Патики
Потпетиците се супер, но ќе ви требаат еден пар патики за да можете удобно да трчате со своето куче, дете или да шетате со партнерот во текот на викендот.
View this post on Instagram
26. Впечатливи обетки
Носете ги горделиво и спојте ги со било кое парче на оваа листа.
View this post on Instagram
27. Очила кои одговараат на обликот на вашето лице
Вог советува наместо неприкладните модели, да го пронајдат оној кој во потполност ви одговара и ласкаат. Проверете кои очила најдобро ви одговараат во склад со обликот на вашето лице.
View this post on Instagram
28. Часовник
Часовникот секогаш ќе биде еден од најпрактичните модни додатоци.
View this post on Instagram
29. Бела маичка
По можност една со долги и една со кратки ракавици, обична бела маичка може да биде додаток во речиси секоја модна комбинација и затоа мора да ја имате.
View this post on Instagram
30. Зимски капут
Во текот на зимата ништо не може да го замени атрактивниот и топол капут.
View this post on Instagram