(Видео) Кинескиот вирусолог кој го откри коронавирусот, предупредува дека пандемијата ќе биде уште полоша

Кинескиот вирусолог, Ши Женгли, кој го откри коронавирусот, предупредува дека пандемијата ќе биде уште полоша. Женгли е позната научничка која го изолираше генетскиот код на коронавирусот, а е позната како жената лилјак, поради тоа што со години ги изучуваше лилјаците.

Пред година дена, таа додека говорела на една конференција, добила барање да се врати во кинескиот град Вухан, затоа што во болницата биле примени два пациенти со необични симптоми и воспалени бели дробови, пренесува Курир.рс.

Станува збор за првите познати случаи на заболени од ковид 19, вирус кој предизвика пандемија и кој за овие година дена, зарази повеќе од 55 милиони луѓе, а усмрти 1,3 милиони од заболените.

Сепак во јавноста се појавија шпекулации дека, тие можеби и не биле првите случаи на заболени со коронавирус, затоа што, наводно 55 годишен пациент од кинеската провинција Хубеј, бил нултиот пациент, а бил откриен пред точно година дена.

Од првите случаи на коронавирус, до денес се дозна многу за вирусот, неговите симптоми, начинот на пренесување, лечење. Светот е на чекор да ја добие вакцијата која би можела да ја победи пандемијата, но сега Ши предупредува дека ваквата пандемија ќе биде полоша.

За доктор Ши оваа пандемија не е целосно изненадување, затоа што од 2004 година, таа ги изучува лилјаците. Нејзината задача на таа научна експедиција, била да открие дали животните цибетки, кои се слични со мунгосите, се извор на епидемијата на САРС.

Таа и нејзиниот тим откриле стотина соеви на коронавирус, но за среќа, само десетина биле слични на САРС и можеле да ги заразат човечките бели дробови. Исто така, тие биле имуни на вакцините и лековите кои се покажале успешни против другите облици на вирусот.

За време на истражувањата, научниците откриле дека една пештера за која претпоставиле дека би можела да биде епицентарот на САРС. Тоа претставувало дополнителна опастност и поради фактот што во неа се наоѓале милиони лилјаци.

Со самото тоа шансите, вирусот да мутира и да дојде до појава на нов сој, значително се зголемиле. Било утврдено дека овој вирус би можел да се прошири и на оние кои не биле во директен контакт со овие животни.

Шест лица, кои живееле во село, во близина на пештерата, пријавиле симптоми слични на САРС. Доктор Ши верува дека, како што луѓето сè повеќе ги населувале дивите подрачје, растел и ризикот од пренесување на соевите на корона на човекот.

Таа смета ека оваа пандемија е еден вид на повик на будење, но се плаши дека иднината ќе биде многу полоша за човекот.

„Она што ние го откривме е само врвот на ледениот брег. Мисијата мора да продолжи. Коронавирусот кои потекнуваат од лилјаците, може да предизвика уште пандемии и мораме да ги најдеме пред тие да не најдат нас“, порачала таа.

Курир.рс

Scroll to Top