Рики Мартин им објаснил на децата зошто имаат двајца татковци

Популарниот пејач Рики Мартин во едно од своите интервјуа, открил како успеал да им објасни на децата дека има двајца татковци. Пејачот и неговиот сопруг Жван Џозеф, имаат четири деца.

12 годишните близнаци Матеа и Валентина, двегодишна ќерка Луција и синот Рен, за кого објавија на „Инстаграм“ минатиот октомври. Пејачот вели дека бил отворен кон децата кога станува збор за љубовта кон нив.

Тој вели дека отсекогаш сакал да има големо семејство. Во едно од своите интервјуа, тој признал дека синовите го прашале дали пред да се роди Рен, дали бил во неговиот стомак.

„Беше во моето срце и сè уште е во него“, им одговорил тој.

„Им објаснив потоа, за да не остане само на тоа, дека постои жена која ја обожавам и која ми помогна да го донесам на овој свет. Дека таа ми го позајми нејзиниот стомак за да тој се роди, а кога дојде на светот, јас го земав во прегратка“, им објаснил Мартин.

Рики Мартин им објаснил на неговите деца дека тие имаат двајца татковци затоа што се модерн семејство и дека нема ништо погрешно во тоа.

„Децата ме прашуваат зошто имаат двајца татковци, а јас им велат дека тоа е прекрасно чувство на слобода“, објаснил Мартин.

 

Scroll to Top