„Се договоривме да умреме на бина, но тој побрза“, Бора Чорба се прости од Миша

Легендарниот пејач и фронтмен на музичката група „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, се прости од својот колега и голем пријател Мирослав Алексиќ, кој почина денес како последица од коронавирусот.

„42. години свиревме заедно и не можам да замислам дека повеќе го нема. Повеќе од четири децении не се погледнавме попреку, а камоли да се искараме. Не можам да замислам свирка без него. Се договоривме да умреме на бина, но тој побрза. Фала ти брате, за сè“, изјавил во солзи Бора Чорба.

И тапанарот на групата Мирослав Милатовиќ Вицко се прости од својот пријател.

„Многу ми е тешко и не можам многу да зборувам за тоа“, изјавил Вицко.

Басистот на „Рибља Чорба“ Мирослав Мишо Алексиќ почина денес на 68. годишна возраст како последица на ковид 19. Тој се лечеше во болница во Белград, а во последните денови неговата состојба драстично се влошила. Последните три дена тој бил приклучен на респиратор.

Неговата ќерка Мина Алексиќ на „Фејсбук“ објави порака со која и таа се прости од својот татко.

 

 

Басистот на „Рибља чорба“, Мирослав Миша Алексиќ почина од коронавирус

Scroll to Top