Почина Лазо Голужа, творецот на „Квискотека“

Новинарот и уредник во Хрватската телевизија и автор на „Квискотека“ Лазо Голужа вчера во Загреб на 85-годишна возраст.

Информацијата за хрватските медиуми ја потврди неговиот син Доминик Голужа.

Голужа даде најголем придонес во областа на квизовите, меѓу кои се: „Три, два, еден … но вреден“, „Песочен часовник“, „Бројки и букви“.

Негов најпознат проект е „Квискотека“, која за првпат беше емитувана во 1979 година и ја водеше Оливер Млакар и беше многу популарна во поранешна Југославија.

Scroll to Top