Кралицата Елизабета сама си ги мие чиниите

Британската кралица Елизабета самата си ги мие чинии по јадењето, пишуваат светските таблоиди. Еден од нејзините поранешни лични слуги, Пол Бурел открива како кралицата сака да ги извалка рацете за време на домашните работи.

Тој во разговор за поткаст со водителот Вики Патисон открил дека кралицата секое лето, додека престојува на имотот Балморал во Шкотска, често самата си ги мие садовите по секој нејзин оброк.

„Таа сака да оди на излети, а храната ѝ ја подготвуваме ние. Но, затоа самата сака да си ги среди чиниите. Секогаш става гумени ракавици и внимателно ги мие садовите. Нејзината помошничка само  ќе ги забрише со крпа“, вели нејзиниот батлер.

Тој вели дека кралицата не јаде премногу и дека секогаш зема само мали порции со храна.

„Таа јаде само божиќна вечера, како и повеќето од нас, кои ги преполнуваме чиниите па едвај ги гледаме другите членови од семејството зад божиќната маса“, изјавил 62-годишниот Пол, кој почнал да служи во кралското семејство уште на 18-годишна возраст.

Во 1987 година тој ѝ станал личен слуга на принцезата Дајана, сè до нејзината смрт, десет години подоцна.

 

Scroll to Top