Холивудската глумица Анџелина Џоли почнала да излегува со жени, пишува магазинот NW. Светските таблоиди одамна пишуваат дека Џоли има бисексуална склоност и дека веќе од поодамна новата љубов ја бара меѓу женскиот пол.
Џоли зад себе има три пропаднати брака, но оној последниот, со 56-годишниот оскаровец Бред Пит, остави најглеми последици на неа. Таа сѐ уште не закрепнала од тој брак и од разводот, досега никој ја нема видено во машко друштво.
Светските таблоиди пренесуваат дека Анџелина, по разводот од Бред Пит, постојано ужива за време на малите состаноци што ги имала со девојки, особено минатата година. Порталот Gossip пренсува дека Џоли сериозно ја интересира тој нов ЛГБТ-свет, кој сега и е достапен.
„Дури и ги проучувала другите познати бисексуалки, глумицата Кристен Стјуарт и Мајли Сајрус, како тие се справуваат со медиумите додека излегуваат со други жени“, изјавил извор близок до глумицата.
Тој додал дека Анџелина има намера својот живот да го држи подалеку од медиумите, но работите не испаѓаат секогаш според планот.
„Затоа сака да биде подготвена. Ако некој фотограф случајно ја сними за време на некој состанок со девојка, таа сака да знае како подоцна да одговори. Не ѝ е гајле што мисли светот за неа, но важно ѝ е како тоа би можело да влијае на нејзините деца“, објаснува изворот.