Српската пејачка Ксенија Пајчин денес би имала 43 години. Во март 2010 година нејзинот дечко Филип Каписода ја уби во нејзиниот стан. Нејзината последна песна излезе една година пред смрта и имаше голем успех.Во врмето кога беше во љубов со Каписода, таа беше многу популарна во јавноста, а и денес се смета за една од најубавите жени во Србија.
Сепак, дури по нејзината смрт, кога се прикажуваше една реприза од нејзиното последното гостување на телевизија, во емисијата „Вие прашувате“, пејачката се појавила со модринки, што било показател дека Каписода физички ја малтретирал Ксенија, која тогаш му беше девојка. Во јавноста во Србија и денес се зборува за нивната несреќна и патолошка љубов која заврши со убиство.