Откако Игор Џамбазов и Илина Арсова неколку месеци беа во Дојран, а летото го поминаа во селото Јанче, сега се конечно во Скопје. Илина пред неколку дена се врати од планинарење во Турција, па со Игор се качија на Водно и двајцата ја објавија заедничката фотка на своите инстаграм-профили.
„Една ѕверка и едно бувче, качени горе на Марково крувче. Златно Водно. Тоа во позадината би требало да е мојот роден град“, напиша актерот и шоумен.
Игор и Илина неодамна прославија шест месеци во врска, а брзо потоа Илина замина на планинарење. Додека таа беше во Турција, Игор не престана да објавува заеднички слики на Инстаграм и јавно да ѝ кажува колку ја сака.
View this post on Instagram