Директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, неодамна сподели колку е среќна оти внук ѝ Михаил прослави прв роденден. Во исто време беше и крштевката, па докторка Цули, како што е позната меѓу луѓето, сподели неколку фотографии.
Михаил е син на нејзината помала ќерка Анастазија, која лани се омажи. Таа ја има и постарата ќерка Марија, која живее во Лондон. Во интервју за „Репортер“ неодамна д-р Софијанова ни раскажа колку е блиска со своите ќерки, дека некогаш одат заедно и на одмор и дека секогаш се среќни кога сите ќе се соберат заедно во семејната куќа во населбата Трнодол или, пак, во Крушево, од каде што е таткото на д-р Цули.
Не може, а да не се забележи стилот на докторката за роденденот на внукот, модерна и шик. И таа неодамна ни откри дека сака убава облека, а на шега ни рече: Сакам убаво да се дотерам. Иако сум Влаинка, оти за нив важи дека не трошат пари, сепак, не штедам кога ќе ми се допадне некое убаво парче облека“.
„Се расплакав во Брисел за ќерка ми“, искрено со доктор Аспазија Софијанова