„Се расплакав во Брисел за ќерка ми“, искрено со доктор Аспазија Софијанова

Муабетот со доктор Аспазија Софијанова, или меѓу луѓето позната како доктор Цули, не може да ти биде досаден. Сеедно дали тоа е муабет за медицината, модата, готвењето или шегите за Власите, оти и таа е Влаинка, докторка Софијанова за се има по некоја приказна.

„Види, ако Власите нешто најдобро знаат тоа е како да ги алоцираат парите. Влав ќе штеди за сè, ама за школо и за едукација ќе најде пари. Јас малку сум поинаква, иако и јас знам некогаш да размислувам цинцарски“, се шегува професор доктор Софијанова, која го носи името Аспазија по баби ѝ од Крушево.

На 21 година веќе ја имала нејзината поголема ќерка, Марија. Две години подоцна ја добила и втората ќерка, Анастасија.

„Не беше лесно да се студира па дури и да се поништуваат пониските оценки и да се биде мајка“, вели докторка Софијанова која е поранешен директор на Детската клиника.

Од муабетот за нејзиното специфично име и неговото значење, до тоа како го пребродила разводот и зошто е во добри односи со свекрвата, преку муабетот за популарниот татко, но и зошто ќерките не станаа докторки, за времето кога беше во политиката… Гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев

Scroll to Top