Голем број луѓе што поминаа пред влезот во зградата во која живееше фолк-пејачот Џеј Рамадановски оставаа пари, чоколади, цигари и цвеќиња, работи од кои тој ниокгаш не се одрекол. Џеј почина во неделата на 56-годишна возраст.
Неговиот најблизок пријател, Зоран Јагодиќ – Руле, изјавил дека тој заспал и никогаш не се разбудил. Итната помош се обидела да го реанимира, но безуспешно.