Одењето кај козметичар бара издвојување многу пари, затоа секогаш се трудиме да пронајдеме еднакво ефикасни, а многу поевтини опции. Една од нив се коцките мраз од домати со лимон и нане, кои ја освежуваат чувствителната или сува кожа, помагаат при неизедначен тен или за намалување на подочниците. Третманот со коцки мраз за кратко време стана вистински хит.
Потребни се:
- Сок од домати или свеж домат исечкан на коцки
- Мед
- Ситно сечкано нане
- Лимон
Во блендерот измексирајте состојки и додадете малку вода. Смесата излијте ја во калапи за мраз и ставете ги во замрзнувач. Потоа, коцките се спремни за употреба. Исчистете го лицето, па со коцките направете блага масажа. Овој мал домашен спа третман ќе ја смири иритацијата на кожата, ќе го изедначи тенот, а кожата ќе биде мазна, блескава и нежна.
Додека коцките се топат, кожата ќе ги впие сите здрави состојки, а мразот ќе има дополнително смирувачко дејство.
View this post on Instagram