Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ купил нова луксузна вила, од 1000 квадрати во Маребља во Шпанија. Местото се наоѓа во познатото летувалиште Коста дел Сол и вреди околу 10 милиони евра.
Луксузната вила има неверојатни 1000 квадрати, а се наоѓа на имот, кој се простира на околу 3500 квадратни метри.
Новата куќа на Ѓоковиќ има базен, огромна вежбална, тениски терен, девет спални соби, осум купатила, играчница, дневна соба и голема градина со поглед на море.
За потсетување, семејството на Ѓоковиќ во последниот период, добар дел од времето го минува во Маребља. Новак во екот на пандемијата, престојуваше во ова популарно туристичко место.
Новак вели дека му се допаднал животот во Шпанија. Неговата сопруга Јелена смета дека Маребља е идеално место каде ќе можат да растат нејзините деца Стефан и Тара.
Маребља се наоѓа во Андалузија, на крајниот југ во Шпанија. Има околу 140.000 жители и климата е одлична, речиси во целиот период од годината.