(Видео) Инцидент на собирот во чест на Џеј

Џеј Рамадановски беше погребан вчера, а доцна синоќа негивите пријатели решија да му одадат почит на посебен начин. Неговата желба била кога ќе умре да го испратат со песна, па така и биднало. Колони луѓе се упатиле кон Дорќол, пред неговата oмилена пицерија каде се пуштале негови песни. И тука се случил инцидент, кога момче физички нападнало девојка.

За среќа, насобраните успеале да ги разделат, па не дошло до тепачка. Но видеото брзо се појави на социјалните мрежи, а луѓето коментираат дека вакво однесување ем не доликува никому, особено не на ваков настан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad)

Џеј почина на 6 декември во својот дом на Дорќол, како последица од срцев удар. Зад себе остави две ќерки – Марија и Ана, поранешната сопруга Нада и партнерката Андријана. Исто така, остави и големи хитови низ кои вечно ќе живее.

Scroll to Top