Супервулкан сѐ поблиску до ерупција, експертот Мајк Поланд објасни каква е состојбата со Јелоустон

Научникот задолжен за опсерваторија на вулканот Јелоустон, Мајк Поланд, забележал експлозивна магма, која се случила 5 километри под супервулканот. Тој испратил и предупредување за суперерупција, но смирува дека шансите за такво нешто се мали.

„Сите знаат за суперерупцијата. Такви се случиле во последните две милиони години“, вели Поланд, кој сега смирува и вели дека таквите експлозии се случуваат еднаш или два пати во милион години, пишува Курир.рс.

„Интервалот меѓу два вакви настани се случуваат во период од 700.000 години“, вели Поланд.

Поланд објаснува дека вдлабнатината во внатрешноста на националниот парк Јелоустон е наречена супервулкан, поради нејзината способност да нанесе глобална девастација во случај на суперерупција.

Истата настанала во изминатите 2,1 милиони години, а најновата ерупција и протекување на лава, се случила пред приближно 630.000 години.

Оваа шуплина се наоѓа во државата Вајоминг, Монтана и Ајдахо, подрачје кое постојано е надгледувано од страна на Географскиот завод на Соединетите Американски Држави (USGS).

Овој завод е во потрага по знаци кои би можеле да укажат дека историјата би можела да се повтори. Поланд детално објаснил како функционира овој систем на Јелоустон.

„Постојат неколку комори на магма. Една е прилично длабока, околу 50 километри под површината и е полна со магма со многу низок вискозитет, кој се нарекува базалт. Тоа тело со базалтна магма, го храни резервоарот риолит, на едно повисоко ниво – леплива магма, која е склона на експлозија, а се наоѓа на само три километри под површината на Јелоустон“, објаснува Поланд.

Тој не смета дека овие комори се полни со растопени карпи.

„Немојте за нив да размислувате како за џиновски тела од магма, кои се полни со врел течен материјал. Горниот резервоар е растопен само пет до 15%, а долниот резервоар е само околу два до пет проценти“, вели Поланд.

Тој објаснува дека станува збор за кашеста пластична зона, со мали стопени парчиња на магма во средината.

„Така изгледа системот на магма Јелоустон, а тоа е она што предизвикува опасност во регионот. Сега, се разбира, најпознати се приказните за опасноста од голема експлозија. Сега за тоа сите зборуваат“, вели Поланд.

 

 

 

Scroll to Top