Од корона почина кошаркарскиот тренер Марјан Лазовски

Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје и Вардар и некогаш селектор на машката и женска репрезентација, Марјан Лазовски почина од коронавирус.

Тој во последните неколку дена водеше тешка битка со ковид 19. Марјан ја предводеше Македонија на единствениот настап во предолимписките квалификации во 2012 година во Венецуела, а потоа седна на клупата на женскиот национален тим.

 

Како тренер работеше во Вардар, МЗТ Скопје, АМАК-СП, Пелистер, Торус и во Работнички. Имаше само 58 години.

Scroll to Top