Американците развиле сателит кој може да снима низ ѕидовите на зградите секаде низ светот, пишуваат светските медиуми.
Силните сигнали кои ги испраќа сателитот, нема да имаат никаква пречка да продрат низ облаците, маглата, силните дождови, чадот, ѕидовите и други цврсти објекти.
Американската компанија Capella Space го лансираше сателитот пред неколку месеци. Истиот е способен да снима исклучително јасни радарски фотографии, со висока резолуција, на која било точка во светот.
И ваквиот сателит не би бил за изненадување, но во случајот сомнежи се јавуваат поради неговите способности да снима низ ѕидовите на зградит, а во исто време да не му пречат ноќта, дождот или силното сонце.
Оваа среда, компанијата лансираше и платформа која на службената влада, како и приватните компании и други муштерии, на нивно барање, може да го сними секој објект на Земјата.
Во план е платформата да стане уште помоќна, кога следната година ќе бидат лансирани дополнителни шест сателити. Со бројот на население на планетата, тоа навистина звучи загрижувачки, сметаат некои од теоретичарите на заговор.
Пајам Баназадех, извршниот директор на Capella Space, инаку инженер во НАСА, вели дека е во прашање технологија поинаква од онаа која се користи за таква намена.
„Бројните сензори кои денес се користат за набљудување на Земјата, се оптички. Тоа значи дека, ако е времето облачно, на снимките се ќе видат облаци, но не и она што се наоѓа под тие облаци. А, ако нема доволно светло, тешко е дека фотографиите би биле употребливи“, вели тој.
Капела вели дека може да се гледа низ облаците и да се снима Земјата, кога времето е ведро и кога денот е сончев, но и во ноќните часови. Тоа е можно затоа што, наместо оптичка технологија, се користи радар со синтетички отвор.
Тоа е технологија која функционира така што сателитот емитува силен радио-сигнал на фреквенција од 9,65 GHz, насочен кон метата. Фотографијата настанува како интерпретација на повратниот сигнал, кој се одбива од објектот и се враќа назад во орбитата.
А, затоа што сателитот на Земјата испраќа сосптвен сигнал, наместо да ја лови светлината, тие сигнали можат да продрат низ ѕидовите на зградите и други објекти, на сличен начин како во филмот „Супермен“ со неговиот рендгенски вид.
„За сигналот кој се емитува на толкава фреквенција, облаците се практично проѕирни. Тие радио бранови можат да продрат низ облаците, маглата, дождовите и чадот. Поради тоа што сателитот самиот генерира сопствен сигнал, тоа изгледа како да користиме батериска лампа. Не ви е важно дали е ден или ноќ“, вели Баназадех за Futurism.
Истовремено употребата на повеќе такви сателити оддеднаш, можно е да снимат и тродимензионални фотографии и тоа само за неколку минути.
САР технологијата, инаку е позната од претходно, но ова е првпат една приватна компанија да ги нуди своите услуги за комерцијална основа на заинтересирани муштерии ширум светот.
Творците на SAR сателитот тврдат дека нивната технологија има бројни предности на употреба. Таа веќе се користи за проверка на залихи на нафта во отворени изворишта.
Со неа може детално да се следат процесите како што се уништувањето на Амазонската прашума или да се надгледуваат некои археолошки пронаоѓалишта.
Владите и безбедносните служби, можат да ја користат за следење и откривање на засолништа на терористички групи.