Бела Хадид донира облека за бездомници

Топ-моделот Бела Хадид неколку дена пред новогодишните празници реши да донира голем дел од својата облека за бездомници и за луѓето што немаат пари. Таа на „Инстаграм“ објави фото од облеката што ќе ја донира и напиша дека ова беше тешка година за сите.

„Снегот е прекрасен, но секој ден, како станува постудено, не можам да не мислам на луѓето што немаат дом оваа зима, кои секое утро одат по снегот без ќебето што им треба, работниците на улиците. Размислувам за луѓето што не може да си дозволат топла облека, како и за нивните деца, родители. Во оваа тешка година многу луѓе ги загубија своите работни места, домови и, пред сѐ, овој проклет снег ја отежнува нивната состојба и носи тага и обесхрабрување. Го преполовив плакарот и најдов неколку топли работи, јакни и палта да ги испратам до The Peppers Table New York, кои ќе ја соберат облеката и ќе ја постават во градот и ќе им ги дадат на луѓето на кои им е потребна. Ќе продолжам да ги поддржувам, особено во текот на зимата“, пишува во пораката на Бела.

Хадид истовремено испрати апел и до другите луѓе да им помогат на тие што немаат и да донираат облека или храна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Scroll to Top