Познатиот хрватски актер Перо Квргиќ почина на 94 години во Загреб. Легендарниот театарски, филмски и телевизиски актер ја помина последната година од својот живот во Домот за стари лица во Лажинска.
Роден е во Моравице во Горски Котар на 4 март 1927 година. Во својата долга кариера глумеше во сите поголеми хрватски театри, а често играше и во филмови и ТВ-серии. Тој имал над 190 улоги во својата кариера. Својот 90. роденден го прослави со „Стилске вјежбе“ на театарската сцена.
Во својата кариера тој доби многубројни награди вклучувајќи ја и наградата за животно дело „Владимир Назор“. Од поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан Месиќ, беше одликуван со Орден на принцот Бранимир за исклучителен и долгорочен придонес во културата на Република Хрватска, а во 2007 година доби ѕвезда на хрватската улица на славните на шеталиштето „Слатина“ на Опатија.